"Купи куќа, купи стан" ќе вдоми од 1.500 до 2.500 семејства

Bez autora
Dec 12 2011

Од 1.500 до 2.500 македонски граѓани следната година ќе можат полесно да дојдат до покрив над главата со станбените кредити субвенционирани од државата во рамките на проектот "Купи куќа, купи стан". Oвие кредити под поповолни услови од комерцијалните веќе кон крајот на март ќе почнат да ги одобруваат осум деловни банки. Граѓаните ќе можат да аплицираат во НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка, Охридска банка, Шпаркасе банка, ТТК банка, Алфа банка, Стопанска банка Битола и Прокредит банка, кои прифатиле станбените кредити да ги даваат со каматите утврдени од Владата - 4,99 отсто на годишно ниво во првите три години и до 5,5 отсто во четврта и петта година од отплатата. Министерството за финансии изготви акционен план со кој при крајот на овој месец се предвидуваат јавни објави во медиуми со кои ќе ги информираме граѓаните за можностите за добивање на кредитите, односно во кои банки можат да аплицираат и со какви документи. Поднесувањето на барањата ќе почне кон крајот на јануари, така што мислам дека ќе дадеме добар период од дваесетина дена сите граѓани да бидат адекватно информирани. Очекуваме првите договори за станбените кредити со проектот Купи куќа, купи стан" да се потпишат кон крајот на март.

"Купи куќа, купи стан" ќе вдоми од 1.500 до 2.500 семејстваОд 1.500 до 2.500 македонски граѓани следната година ќе можат полесно да дојдат до покрив над главата со станбените кредити субвенционирани од државата во рамките на проектот "Купи куќа, купи стан".

Министерот за финансии Зотран Ставрески вчера информира дека овие кредити под поповолни услови од комерцијалните веќе кон крајот на март ќе почнат да ги одобруваат осум деловни банки. Граѓаните ќе можат да аплицираат во НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка, Охридска банка, Шпаркасе банка, ТТК банка, Алфа банка, Стопанска банка Битола и Прокредит банка, кои прифатиле станбените кредити да ги даваат со каматите утврдени од Владата - 4,99 отсто на годишно ниво во првите три години и до 5,5 отсто во четврта и петта година од отплатата.

- Министерството за финансии изготви акционен план со кој при крајот на овој месец се предвидуваат јавни објави во медиуми со кои ќе ги информираме граѓаните за можностите за добивање на кредитите, односно во кои банки можат да аплицираат и со какви документи. Поднесувањето на барањата ќе почне кон крајот на јануари, така што мислам дека ќе дадеме добар период од дваесетина дена сите граѓани да бидат адекватно информирани. Очекуваме првите договори за станбените кредити со проектот Купи куќа, купи стан" да се потпишат кон крајот на март, вели Ставрески.

Барањата ќе ги разгледуваат и ќе ги одобруваат деловните банки, а Министерството ќе врши софтверски избор на апликантите само доколку има поголем број барања. Исто така, министерот Ставрески најавува дека ако интересот кај граѓаните е особено голем, можно е за овој проект преку буџетски ребаланс да се одобрат и дополнителни средства над предвидените четири милиони евра.

- Тешко е да се предвиди на почеток колку субвенционирани кредити ќе се дадат, зашто тоа зависи од интересот на граѓаните за едниот или за другиот модел на субвенција, за кои трошоците не се исти. Нашите очекувања се дека со парите што ги имаме во буџетот може да се одобрат околу 1.500 до некаде 2.000 - 2.500 барања, изјави министерот.

Овој проект ќе се спроведува четири години, а планирано е заинтересираните во текот на една година да се пријавуваат во три до четири циклуси, така што практично аплицирањето ќе трае во текот на целата година. Базично правило за добивање на субвенциониран кредит е барателот или барателите да купуваат куќа или стан со вредност на квадратен метар до 900 евра, а и вкупните примања во семејството да не им се повисоки од 900 евра месечно. Проектот содржи две варијанти на субвенционирање, половина од месечната рата или половина од учеството за кредитот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik